Детството на децата да го направиме поубаво и повесело.

Градинка Росица

Ја негуваме идеата дека градниката е и треба да биде место или центар од каде секогаш ќе произлегуваат нови, свежи, креативни идеи за доброто не само на оние кои ги користат услугите на градинката туку ќе биде извор на зближување и заедништво на сите од поблиското општествено опкружување преку кое нашите најмили, а тоа се децата, ќе ги учиме на основните вредности на животот и ќе ги подготвиме во него смело и храбро да зачекорат како идни лојални, одговорни, проактивни граѓани на нашата држава!

За Нас

Место на среќни деца

Во градинка си играм и пеам, весело се смеам,
другарчиња многу имам, знаења разни примам,
што е вистина а што лага, дали радост или тага,
што е добро а што лошо, тука учиме ние
откриваме, дознаваме, сознаваме, нови светови запознаваме,
сето тоа градинката ни го нуди, и во нас топли чувства буди! 

Дојдете другарчиња и вие,
секој ден што иде тука весел ќе Ви биде!

Најнови

Погледнете дел од нашите Активности

0 +

Години постоење

0 +

Згрижени дечиња

0 +

Објекти

0 +

Воспитен кадар

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ВО НАШАТА ГРАДИНКА

Мисија

НАШАТА МИСИЈА

Во взаемното делување во четириаголникот градинка – семејство – дете – општествена средина, со стурчност, професионалност, одговорност, организираност, систематичнст, сигурност, ефикасност, максимална посветеност и ангажирање, користење на искуството и следејќи ги потребите на модреното живеење

за нашата Градинка

Учење и Игра

Се обезбедува згрижување, воспитно-образовна работа, нега, исхрана, превентивна здравствена заштита, забава и игра за децата од 0 до 6 годишна возраст.

Воспитување на децата

Се следат и практицираат најсовремените трендови на згрижување и воспитување на децата следејќи ги основите на раниот детски развој, заснован на холистичкиот пристап..

Богата и стимулативна средина

Се обезбедува и креира богата и стимулативна средина преку која децата имаат можност да истражуваат, да стекнуваат нови знаења, вештини и искуства, преку основниот метод за работа со предучилишни деца – играта.