Нова кујна во „РОСИЦА“


Во тек се активностите за реконструкција на централната кујна на ЈОУДГ „РОСИЦА“ Ѓорче Петров – Скопје, сместена во објектот „Калинка“ на ул. Исаија Мажовски бр.35, во населба Хром.

 

Со новата кујна се зајакнуваат НАССР стандардите и запазуваат сите санитарно-хигиенски нормативи со кои се обезабедува безбедно и правилно подготвување и  дистрибуирање на храна на предучилишните деца згрижени во петте објекти на оваа градинка. Ова е само една од алките кои гарантираат правилна и безбедна исхрана која е исклучително важна за правилен раст и психо-физички развој на децата.

Leave a Reply