Ново руво за објект „Кокиче“


Започна реконструкција на дел од ОУ „Ѓорче Петров“ Скопје и негова пренамена во детска градинка.

Во новоуредените простории ќе се пресели објектот „ Кокиче “, отворен далечната 1965 година. Со овој зафат ќе се добие проширување, модернизирање и можност за остварување на повеќе од нормативно извршување на дејноста за која е предодредена оваа предучилишна установа за деца. На децата ќе им се отворат вратите да нурнат во своето ново катче каде ќе учат, играат, ќе се забавуваат и ќе ги прават првите свои чекори во социјалниот живот.

Leave a Reply