Презентација и куклена претстава


Во рамките на одбележувњето на 150 години од раѓање на Горче Петров, 70 годишниот именден на нашата општина и 50 години ЈОУДГ „РОСИЦА “ се одржа промоција на сликовницата „Лина и Мина во шумската градинка “ и куклена претстава по мотиви од истоимената сликовница.

 

Автор на сликовницата е м-р Виолета Саид, илустациите ги нацрта Татјана Богдановска, рецензијата ја направи д-р Ана Серафимовска. Градинката „РОСИЦА“ беше комплетен организатор на настанот. Посебен восхит предизвика куклената претстава во кој настапија деца и вработени од нашата градинка.  Сценариото за претставата го изготви Емилија Шереметкоска, психолог во градинката, а музичката илустрација ја изготви Атанасоска Лидија, музички педагог во градинката.

Leave a Reply