За Нас


Дознајте повеќе за нас

Информации за Росица

ЈОУДГ  „РОСИЦА“  Ѓорче Петров – Скопје е единствената установа за згрижување и воспитно – образовна работа со деца од предучилишна возраст на територијата на Општина Ѓорче Петров. Основана е далечната 1965 година со отворање на првите објекти „Кокиче“ и „Сончогледи“ кој по децентрализацијата потпадна кон градинките во друга општина. Во изминатите 50 години растеше и се формираше семејството на градинката „Росица“. Во 1981 година е отворен објектот „Детелинка“, а во 1982 година објектот „Калинка“. Во поновата историја отворени се во 2012 година објектот „Пампурче“  и во 2014 година објектот „Рипчиња“.

ЈОУДГ  „РОСИЦА“  Горче Петров – Скопје е место каде:

  • Се обезбедува згрижување, воспитно-образовна работа, нега, исхрана, превентивна здравствена заштита, забава и игра за децата од 0 до 6 годишна возраст.
  • Се следат и практицираат најсовремените трендови на згрижување и воспитување на децата следејќи ги основите на раниот детски развој, заснован на холистичкиот пристап, почитувајќи ја индивидуалноста и можностите на секое дете, следејќи ја флоскулата секое дете може, а наша должност е да му помогнеме да ги оствари сопствените потенцијали.
  • Се обезбедува и креира богата и стимулативна средина преку која децата имаат можност да истражуваат, да стекнуваат нови знаења, вештини и искуства, преку основниот метод за работа со предучилишни деца – играта.
  • Се излегува во пресрет на сите потреби и предизвици на родителите давајќи им поддршка во креирање на правилно и современо родителство.

Се негува идеата дека градниката е и треба да биде место или центар од каде секогаш ќе произлегуваат нови, свежи, креативни идеи за доброто не само на оние кои ги користат услугите на градинката туку ќе биде извор на зближување и заедништво на сите од поблиското општествено опкружување преку кое нашите најмили, а тоа се децата, ќе ги учиме на основните вредности на животот и ќе ги подготвиме  во него смело и храбро да зачекорат  како идни лојални, одговорни , проактивни граѓани на нашата држава

Визија

Во взаемното делување во четириаголникот градинка – семејство – дете – општествена средина, со стурчност, професионалност, одговорност, организираност, систематичнст, сигурност, ефикасност, максимална посветеност и ангажирање, користење на искуството и следејќи ги потребите на модреното живеење

ЈОУДГ „РОСИЦА” –Ѓорче Петров – Скопје, обезбедува соодветен педагошки простор за игра, учење, комуникација, творештво со кои се овозможува посакуваниот раст и развој на децата и поставување на темелите на одговорна, иницијативна, креативна личност која ќе може да одговори на барањата на современиот свет.

Мисија

Во градинка си играм и пеам, весело се смеам,

другарчиња многу имам, знаења разни примам,

што е вистина а што лага, дали радост или тага,

што е добро а што лошо, тука учиме ние

откриваме, дознаваме, сознаваме, нови светови запознаваме,

сето тоа градинката ни го нуди, и во нас топли чувства буди !

 

Дојдете другарчиња и вие,

секој ден што иде тука весел ќе Ви биде !

Запознајте го нашиот тим

Тимот на Росица
team member

д-р Ана Серафимовска


Директор
team member

Емилија Шереметкоска


Психолог
team member

Љупка Костовска


Логопед
team member

Лидија Атанасоска


Музички педагог