Недела посветена на детскиот театар во нашата градинка

Новата куклено-театарска престава ,,Првата пролет на младунчињата” беше одиграна во сите наши објекти и во неа уживаа сите наши дечиња. Денес бројни колешки од другите детски градинки ширум Македонија беа гости во новиот објект ,,Сонце” и имаа можност да ја проследат преставата. Потоа следуваше плодна дискусија, размена на искуства и идеи за подобро справување со […]

ПРЕМИЕРА на куклено-театарската престава „Првата пролет на младунчињата“

Нашата градинка подготви куклено-театарска престава која ќе ја проследат децата во сите наши објекти. Оваа престава покрај забавниот карактер проткаена е со мноштво воспитно-едукативни пораки и прекрасна музика. Во изведба е на воспитно-образовниот тим на објектот „Калинка“, по адаптираното сценарио на психологот Емилија Шереметкоска и музика на музичкиот педагог Маја Цацановска. Сценографијата и куклите се […]

Децата од детската градинка „Росица“ го одбележија првиот пролетен ден

Првиот пролетен ден, 21ви Март беше пригодно одбележан во сите објекти на нашата градинка. Децата и вработените со засадување на цвеќиња и млади дрвца, со спортски игри во дворовите и со преубави креативни изработки и посакаа добредојде на пролетта.

Известување за родителите за прием на деца во објект „Сонце“, населба Волково

           Почитувани родители, Ве известуваме дека списоците на примени деца во новоотворениот објект „Сонце“ се истакнати на главниот влез на градинката во Волково. За сите подетални информации обратете се кај раководителот на објектот „Сонце“

Свечено отворање на новиот објект „Сонце“ во населба Волково

На ден 16.02.2022 година беше свеченото отворање на нашиот нов објект „Сонце’, во населбата Волоково. Во семејството на петте градинки на ,,РОСИЦА” денес се приклучи и новиот шестти објект ,,СОНЦЕ” Се отворија вратите на градинката ,,СОНЦЕ” во Волково. Градинката ,,Сонце” над Ѓорче ќе грее, над многу деца таа ќе бдее. Ова СОНЦЕ силно ќе зрачи, […]