СТРУЧНО СОВЕТУВАЛИШТЕ на ЈОУДГ „ РОСИЦА “ Ѓорче Петров – Скопје

Согласно Законот за заштита на деца, во рамките на градинката работи Стручно советувалиште, чиј мултидисциплинарен тим го сочинуваат :

  • Шереметкоска Емилија - психолог
  • Костовска Љупка – логопед
  • д-р Серафимовска Ана – Доктор на медицина

Во взаемно делување во четириаголник

ГРАДИНКА – СЕМЕЈСТВО – ДЕТЕ – ОПШТЕСТВЕНА СРЕДИНА,

со својата стучност, професионалност, одговорност, организираност, систематичност, сигурност, ефикасност, максимална посветеност и ангажирање, користејќи ги искуствата и следејќи ги потребите на модeрното живеење, СТРУЧНОТО СОВЕТУВАЛИШТЕ обезбедува стручна  компетентна подршка за правилен  раст и развој на децата , ги зајакнува компетенциите на воспитно-згрижувачкиот и воспитно-образовниот кадар и родителите.

Советувалиштето својата работа ја врши преку :

  • Советувања за деца
  • Работа со родители
  • Работа со раководство
  • Соработка со надворешни заедници и институции
  • Организирање на стручни предавања

Своите активности Стручното советувалиште ќе ги реализира со :

  • Интерактивни обуки
  • Работилници
  • Индивидуални и групни советувања
  • Видео презентации
  • Информативни флаери и постери
  • Семинари

Краток историјат

ЈОУДГ  „РОСИЦА“  Ѓорче Петров – Скопје е основана во далечната 1965 година со отворање на првите објекти „Кокиче“ и „Сончогледи“.

Во изминатите 50 години растеше и се формираше семејството на градинката „Росица“. Во 1981 година е отворен објектот „Детелинка“, а во 1982 година објектот „Калинка“. Во поновата историја отворени се во 2012 година објектот „Пампурче“, во 2014 година објектот „Рипчиња“ и во 2016 година објектот “Кокиче”.