Децата од детската градинка „Росица“ го одбележија првиот пролетен ден

Првиот пролетен ден, 21ви Март беше пригодно одбележан во сите објекти на нашата градинка. Децата и вработените со засадување на цвеќиња и млади дрвца, со спортски игри во дворовите и со преубави креативни изработки и посакаа добредојде на пролетта.