За нас

ДЕТСТВОТО НА ДЕЦАТА ДА ГО НАПРАВИМЕ ПОУБАВО И ПОВЕСЕЛО.

ЈОУДГ  „РОСИЦА“  Ѓорче Петров – Скопје е единствената установа за згрижување и воспитно – образовна работа со деца од предучилишна возраст на територијата на Општина Ѓорче Петров. Основана е далечната 1965 година со отворање на првите објекти „Кокиче“ и „Сончогледи“ кој по децентрализацијата потпадна кон градинките во друга општина. Во изминатите 50 години растеше и се формираше семејството на градинката „Росица“. Во 1981 година е отворен објектот „Детелинка“, а во 1982 година објектот „Калинка“. Во поновата историја отворени се во 2012 година објектот „Пампурче“, во 2014 година објектот „Рипчиња“ и во 2016 година објектот “Кокиче”.

ЈОУДГ „РОСИЦА“ Горче Петров – Скопје е место каде:

Сакате да го запишете вашето детенце во Градинка?

Преземете ја пријавата за упис на следниов линк:

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ВО НАШАТА ГРАДИНКА

Визија

НАШАТА ВИЗИЈА

Во взаемното делување во четириаголникот градинка – семејство – дете – општествена средина, со стурчност, професионалност, одговорност, организираност, систематичнст, сигурност, ефикасност, максимална посветеност и ангажирање, користење на искуството и следејќи ги потребите на модреното живеење

ЈОУДГ „РОСИЦА” –Ѓорче Петров – Скопје, обезбедува соодветен педагошки простор за игра, учење, комуникација, творештво со кои се овозможува посакуваниот раст и развој на децата и поставување на темелите на одговорна, иницијативна, креативна личност која ќе може да одговори на барањата на современиот свет.

Мисија

Место на среќни деца

Во градинка си играм и пеам, весело се смеам,
другарчиња многу имам, знаења разни примам,
што е вистина а што лага, дали радост или тага,
што е добро а што лошо, тука учиме ние
откриваме, дознаваме, сознаваме, нови светови запознаваме,
сето тоа градинката ни го нуди, и во нас топли чувства буди! 

Дојдете другарчиња и вие,
секој ден што иде тука весел ќе Ви биде!

нашиот тим

Запознајте го нашиот тим

м-р Даниела Темелкова

директор

Емилија Шереметкоска

психолог

Маја
Цацановска

музички педагог

д-р. Ана Серафимовска

доктор на медицина

Љупка
Костовска

логопед