Во рамките на повеќегодишниот проект „Подобрување на кохезивноста на работниот тим“ нашата градинка „Росица“ одржа семинар на кој беа реализирани стручни предавања и работилници.
Полето на кое работевме на овој семинар беше стресот и последиците кој тој ги предизвикува по нашето здравје. Ги зајакнувавме нашите механизми на личноста за справување со стресни ситуации. Со музичките работилници практикувавме музикотерапија и ослободување од стресот.
Целокупната работна атмосфера и неформално дружење на нашите вработени придонесува за јакнење на довербата и соработката со што се постигнува ефектот на тим билдинг.