Во рамките на одбележување на Неделата посветена на забозаштита и добро орално здравје, а во соработка со Црвениот крст, детската градинка„ Росица “ се вклучи со активности за здравствена едукација на предучилишните деца.
Се реализираат работилници со деца, информативни флаери за родители и електронски обраќања до пошироката општинска јавност со цел подигнување на свесноста и потребата од добро орално здравје и здрави заби.