Во рамките на нашиот Сензорен центар се реализа практична работа за студентите од 3 и 4 година на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, под раководство на проф. д-р Оливера Рашиќ Цаневска.
Студентите одблизу имаат можност да се запознаваат со можностите и нашините за рана интервенција кај предучилишните деца. На тој начин се подобрува и стимулира развојот и се надминуваат одредени потешкотии кои може да се јават во процесите на раст и развој кај децата.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров оствари посета на Сензорниот центар за време на практичната настава. Во оваа прилика Градоначалникот истакна план на Општината е зголемување на вакви капацитети и во други објекти во иднина со цел овозможување добри услови за претшколска возраст за сите наши жители.