Прославата на нашиот 60ти роденден се одржа во Културниот дом во Ѓорче Петров.
Тимот на „Росица“ заедно со децата подготвија прекрасно доживување кои гостите ги разнежни и им разбуди топли и искрени емоции.
Со бурни аплаузи и по некоја солза беше проследен овој настан кој го обои Културниот дом во боите на Македонија, а детските игри и збор, пропратени со македонска песна направија прекрасна приредба за паметење.
https://www.facebook.com/share/v/19oJfwKVL9/