Екраните во животот на децата – прв дел

Живееме во дигитална ера која во голема мера го олеснува нашето секојдневие, комуникациите и достапноста на информации.

Сепак прекумерната употреба на екраните во животот на децата со себе донесе и многубројни последици.

Со цел да се укаже на негативните последици врз здравјето и развојот на децата и што се случува кога детето од најрана возраст е изложено на влијание на екрани подолг временски период, во рамките на стручното усовршување Стручниот тим на ЈОУДГ „РОСИЦА“ Ѓорче Петров – Скопје подготви предавање на тема „Екраните во животот на децата“ ( прв дел ).