По повод одбележувањето на Денот на Општина Ѓорче Петров, градинката Росица ја промовираше детската химна ,,Моето Ѓорче” во изведба на две дечиња кои израснаа во детската градинка.За создавање на оваа химна заслужни се музичкиот педагог Маја Цацановска,текстописецот – воспитувач Јасмина Гачева, аранжерот Сашо Ливрински и студиото Дејан Миленковски со подршка од менаџментот на градинката. Се надеваме оваа химна ќе ја изведуваат уште многу дечиња и многу генерации од Општина Ѓорче Петров.