Новогодишна претстава „Маѓепсаниот Дедо Мраз“

Во пресрет на новогодишните празници воспитните тимови, стручната служба и децата на градинката Росица подготвија новогодишна куклено – театарска претстава „Маѓепсаниот Дедо Мраз“.
Оваа претстава е сплет од прекрасна музика, сценографија и костими проследен со забавно – едукативна содржина.
Со пораки за добро однесување и желби за среќни празници саканиот Дедо Мраз во наредните денови ги посети и израдува сите деца во нашите шест објекти.
🎅🎄🎈🎁