Дел од музичкиот настап на дечињата од детската градинка ,,Росица” по повод одбележувањето денот на Општината со изведба на класична музика со орфови инструменти заедно со музичкиот педагог Маја Цацановска.
![](https://gradinkarosica.mk/wp-content/uploads/2024/06/screenshot_20230211-170110_facebook-768x531.jpg)
ЈОУДГ „РОСИЦА“ Ѓорче Петров – Скопје е основана во далечната 1965 година со отворање на првите објекти „Кокиче“ и „Сончогледи“.
Во изминатите 50 години растеше и се формираше семејството на градинката „Росица“. Во 1981 година е отворен објектот „Детелинка“, а во 1982 година објектот „Калинка“. Во поновата историја отворени се во 2012 година објектот „Пампурче“, во 2014 година објектот „Рипчиња“ и во 2016 година објектот “Кокиче”.