ПРЕМИЕРА на куклено-театарската престава „Првата пролет на младунчињата“

Нашата градинка подготви куклено-театарска престава која ќе ја проследат децата во сите наши објекти.

Оваа престава покрај забавниот карактер проткаена е со мноштво воспитно-едукативни пораки и прекрасна музика.

Во изведба е на воспитно-образовниот тим на објектот „Калинка“, по адаптираното сценарио на психологот Емилија Шереметкоска и музика на музичкиот педагог Маја Цацановска.

Сценографијата и куклите се изработени од вредните раце на вработените на градинката како дел од долгогодишниот проект „Сунѓерни кукли“ кои се традиција на градинката.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100085290434464