Во пресрет на студеното време и сезоната на зачестени настинки и грипови, да се потсетиме кога децата треба да не посетуваат градинка.
Во случај на појава на некој од следниве симптоми наведени во илустрираниот флаер подолу потребно е да се направи консултација со матичен педијатар и детето да биде задржано на домашно лекување.
Со добра соработка помеѓу родителите и градинката да го пресечеме ланецот на ширење на досадните и упорни есенски настинки, респираторни инфекции и други инфективни болести кај децата од предучилишна возраст.