Завршница на годинешниот проект „Волшебниот свет на книгата“ преку Саем на книгата и пригодна приредба во Домот на културата во Ѓорче Петров.
Прекрасната атмосфера и извонредните изработки предизвикaа воодушевување и бура на емоции кај сите присутни.
Овој проект беше реализиран во текот на целата година во воспитно-образовните групи од 4-6 години.
Децата, воспитувачите, негователките и стручната служба изработуваа книги и сликовници кои ќе го збогатат нашиот фонд на нагледни срества за секојдневна воспитно-образовна работа