Политика на приватност

Изјава за заштита на приватноста на корисникот

Се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на Вашите лични податоци. Ве уверуваме дека од наша страна, Вашите лични податоци не се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта за која се собрани. Го почитуваме начелото на минимален обем податоци и ги собираме само неопходните, основните податоци на субјектите, потребни за работењето и остварувањето на Вашите и наши права и обврски, односно за исполнување на целта заради која се обработуваат. Сите Ваши податоци внимателно се чуваат и достапни се само за вработените на кои овие податоци им се неопходни за извршување на работата. Вработените кои имаат пристап до Вашите лични податоци потпишуваат Изјава со која се обврзуваат на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка. ЈОУДГ „РОСИЦА“ - Ѓорче Петров - Скопје применува технички и организациски мерки за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на личните податоци.

Информации за обработка и заштита на лични податоци

Со овие информации сакаме да ви понудиме подетални известувања за обработката на Вашите лични податоци како посетител на веб страницата на градинка Росица, како корисник на услугите на градинката за згрижување на дете во градинка, како вработено лице, како поднесител на пријава за вработување, како договорна страна при склучување на договор за соработка, за извршување на услуга или работа, за правниот основ и целите на обработка на податоците, како и за правата кои можете да ги остварите во врска со обработката на тие податоци.

ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров-Скопје, ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.gradinkarosica.mk, 24 часа во денот / 7 дена во неделата. Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на установата, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап. Сите податоци и информации објавени на нашата веб страна се од информативен карактер и за истите го задржуваме правото за промена и менување во зависност од потребите.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната www.gradinkarosica.mk е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба, а употреба за било каква злоупотребата на податоците не е дозволена. Оваа политика на приватност се однесува само за www.gradinkarosica.mk. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

Заштитата на Вашата приватност нам ни е исклучително важна. ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров-Скопје, ја почитува приватноста на секој посетител на веб-страница на градинката.

Градинка Росица ги третира личните податоци коишто ги добива преку својата веб-страница со должно внимание и ги обработува целосно согласно со Законот за заштита на лични податоци и други прописи за заштита на личните податоци. При користење на нашата веб-страница за пристап до јавни информации, ние не собираме никакви информации од нашите корисници. Веб-серверот на градинка Росица ги меморира информациите за сесијата како што се: времетраењето на Вашата посета, страниците на кои пристапувате, видот на прелистувачот што го користите, ИП-адресата од која пристапувате и сл. Од овие информации од сесијата не се открива идентитетот на поединецот и се чуваат и се користат само со цел да се произведат статистички извештаи коишто ќе ни овозможат да ја подобриме нашата веб-страница. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи. ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров-Скопје го задржува правото да ги користи ИП- aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

1. Кој е одговорен за обработка на Вашите лични податоци?

ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров –Скопје, како правно лице е контролор кој  врши обработка на Вашите лични податоци.

2. За кои цели и по кој правен основ ги обработуваме Вашите лични податоци?

Цел на обработка на личните податоци се:

- остварување на правата и обврските од работниот однос и друг договорен однос,

- остварување на правата и обврските од згрижувањето на децата во градинка,

- остварувањето на правото на аплицирање за оглас за вработување.

Правни основи за обработка на личните податоци се:

  • исполнување на законска обврска,
  • исполнување на договорна обврска и
  • изјава за согласност.

Исполнување на законска обврска

Вашите лични податоци ги обработуваме заради нашите законски обврски (пр. обврски за чување на персонално досие на вработените, пријавите за запишување на децата во градинка, кои се составен дел од досието на децата згрижени во градинката, што претставува водење на педагошката документација пропишана со подзаконски акт; собирање на пријави од кандидати за вработување, заради утврдување на исполнетоста на условите за вработување, а кои произлегуваат согласно Законот за работните односи, Законот за заштита на децата и подзаконските акти кои произлегуваат од овој закон, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните работници и др.

Вашите лични податоци ги обработуваме во статистички цели за потребите и барањата од страна на Државниот завод за статистика согласно Законот за државна статистика и Министерството за труд и социјална политика, за да добиеме статистички податоци кои се однесуваат на вработените (на пр. возраст, степен на образование, пол, националност) и на децата згрижени во градинката (пр. возраст и пол на децата, вработеност и занимање на родителите) согласно Законот за Заштита на децата и подзаконските акти кои произлегуваат од овој закон, при што по обработката на личните податоци во статистички цели, се добиваат податоци изразени со број и не овозможува Ваша идентификација.

Исполнување на договорна обврска

Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од договорот за вработување (на пр. обработка на личните податоци: Име и презиме, ЕМБГ и трансакциска сметка на вработениот заради остварување на обврската за исплата на плата на вработените или за остварување на правата од социјалното осигурување, обработка на податокот за националност на вработениот заради исполнување на обврската за давање слободен ден на работникот согласно Законот за празниците).

Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од договорот за извршување на услуги или работи, договори за дело, договори за соработка и сл. ( на пр. обработка на личните податоци: Име и презиме, адреса, ЕМБГ и трансакциска сметка на лицето заради остварување на правата и обврските од договорот, како што се исплата на договорениот износ за извршената работа или услуга, уплата на персоналниот данок  и сл.)

Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од договорот за згрижување и воспитание на децата (на пр. Име и презиме и датум на раѓање на детето, заради негово распоредување во соодветната возрасна група, заради нашата обврска за издавање на уплатница за месечниот престој на детето во градинка и сл.).

Изјава за согласност

Обработката на посебни категории Ваши лични податоци, освен ако нивната обработка не е со законски основ, можеме да извршиме само врз основа на Ваша изрична согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за да благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста.

Фотографиите и видеата што се поврзани со активностите и настаните на градинката и активностите од воспитно-образовната и образовно-згрижувачката работа можат да бидат објавени на веб-страницата и Facebook страницата на градинката само со согласност од субјектот на личните податоци, односно од вработените во градинката, како и од родителот/старателот на детето.

Ако Вашите лични податоци ги обработуваме на основа на дадена согласност, Ве известуваме дека имате право во секој момент да ја повлечете согласноста, на начин опишан во точка  8.„Кои се вашите права во врска со обработка на лични податоци?“.

3. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

Ги обработуваме личните податоци кои сме ги собрале од Вас по пат на:

- пријави за вработување: име и презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, степен и вид на образование, работно искуство, е-маил адреса, телефонски број за контакт.

- вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, е-маил адреса, телефонски број за контакт.

- документи кои сме ги добиле за вработените од трети лица (пр. боледување од лекар за регулирање на отсуство од работа, документи за задршка од плата по основ на кредит од банка, налог за извршување од извршител)

- пријава за запишување во градинка: име и презиме на детето, датум  и место на раѓање, ЕМБГ, адреса на живеење, пол и националност, име и презиме, степен на образование и занимање, статус на вработеност на родителите, телефонски број и е-маил адреса за контакт.

- склучени договори за соработка, за извршување на услуги или работи: Име и презиме, адреса, ЕМБГ, трансакциска сметка.

4. На кого Вашите лични податоци ќе бидат откриени?

Ако е нужно заради постигнување на претходно наведените цели за обработка, односно ако е утврдено со прописи, Вашите лични податоци можеме да ги откриеме на државни институции и други тела (приматели).

Без оглед на кои приматели им доставуваме Ваши лични податоци, ние ќе ги доставиме само оние податоци кои се неопходни за постигнување на конкретните цели на обработка. Може да се работи за следните приматели:

Агенција за вработување, Фонд за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за финансии, Општина Ѓорче Петров, Управа за јавни приходи, Здравствена установа, Дирекција за заштита на лични податоци.

5. Каде ќе се обработуваат Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ќе се обработуваат на територијата на Република Македонија. Податоците се обработуваат и се чуваат во нашите простории и во нашиот информациски систем. Личните податоци што ги обработува ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров-Скопје се заштитени од неовластен пристап, откривање, употреба, менување или уништување.

6. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги чуваме онолку долго колку што е потребно заради исполнување на целта за која се обработуваат освен ако не нѐ обврзуваат дополнителни законски рокови за нивно чување.

Ако одредени лични податоци ги обработуваме на основ на согласност, во случај на повлекување на согласноста, ќе извршиме бришење на Вашите лични податоци.

7. Кои се последиците доколку не ни ги дадете своите лични податоци?

Вашите лични податоци ни се потребни заради превземање на дејствија за остварување на утврдените цели. Доколку не ни ги дадете потребните лични податоци, постои можност да не можеме да ги извршиме своите законски обврски или договорни обврски, а Вие да ги остварите Вашите права.

8. Кои се вашите права во врска со обработка на личните податоци?

Согласно обврските пропишани со Законот за заштита на податоци, вие ги имате следните права кои се однесуваат на обработка на Вашите лични податоци:

- Право на транспарентност на личните податоци - право на сите информации поврзани со обработката која се однесува на субјектот на личните податоци, на концизен, транспарентен, разбирлив начин и во лесно достапна форма, со користење на јасен едноставен јазик, особено за информации кои посебно се наменети за дете.

- Право на информации и пристап – право на добивање на информации за контролорот и офицерот за заштита на личните податоци, за тоа дали ги обработуваме Вашите лични податоци,  целите и правниот основ на обработка, категориите на лични податоци кои ги обработуваме, дали и на кого ќе ги откриеме Вашите лични податоци, временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци.

- Право на исправка и бришење – право на измена на неточни и право на дополнување на нецелосните лични податоци и право на бришење („право да се биде заборавен“) на лични податоци кои се однесуваат на Вас доколку, личните податоци не се повеќе потребни за целта за која се собрани или на друг начин се обработени, ако е повлечена согласноста за обработка на лични податоци и не постои друг правен основ за обработка. Повлекувањето на согласноста има важност од моментот кога е изјавено повлекувањето, што значи дека нема влијание на законитоста на обработката на Вашите лични податоци во периодот од давањето на согласноста до моментот на повлекувањето.

9. Право на поднесување приговор

Согласно член 25 од Законот за заштита на личните податоци субјектот на личните податоци врз основа на конкретна ситуација поврзана со него има право да поднесе приговор до контролорот во секое време, против обработката на неговите лични податоци, врз основа на членот 10 став (1) алинеи 5 или 6 од овој закон, вклучувајќи и профилирање засновано на овие одредби, односно кога обработката се врши за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот утврдено со закон и кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на лични податоци коишто бараат заштита на личните податоци, особено кога субјектот на личните податоци е дете. Контролорот не може повеќе да врши обработка на личните податоци, освен ако докаже дека постојат релевантни легитимни интереси за обработка, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања. Приговор може да се поднесе доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг. Кога личните податоци се обработуваат за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот за заштита на личните податоци, субјектот на личните податоците има право, врз основа на конкретната ситуација поврзана со него да поднесе приговор против обработката на неговите лични податоци, освен ако обработката е неопходна за реализирање на работи од јавен интерес.

Со оглед на тоа дека правни основи на ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров-Скопје  за обработка на личните податоци се: исполнување на законска обврска, исполнување на договорна обврска и изјава за согласност, доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци не е во согласност со прописите за заштита на лични податоци, не доведувајќи го во прашање правото на поднесување приговор, Ви предложуваме да се обратите на нашиот службеник за заштита на лични податоци за да го разјасните спорното прашање.

Оваа Информација за обработка на личните податоци повремено може да се менува. Во случај на менување на Информацијата за обработка на личните податоци ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров-Скопје  ќе постави ажурирана верзија на оваа страница.

Датум на поставување на Информацијата или последна измена:
14.04.2021 година,
Скопје


Печати   Е-пошта