Одбележување на 22ри Април - ден на планетата Земја

Во нашата градинката многу често креативно рециклираме со различни материјали (хартија,цд,пластични шишиња и др.) но најпогодни за работа ни се пластичните капачиња,бидејќи се во различни бои и со нив децата многу лесно манипулираат .
Оваа година за да го одбележиме 22 ри Април - меѓународниот ден на планетата Земја , ги избравме токму нив за да направиме прекрасни изработки , со кои ги разубавивме нашите дворови.Воспитувачите,негователките и децата заедно ,најпрво планираа какви изработки ќе прават , па потоа на шпер плочи,стиропор, пластични капаци редеа капачиња и ги одбираа боите,лепеа и креативно се изразуваа.
Така во тревите изникнаа прекрасни цветови , прошетаа бубалки , долетаа птици , се појави виножито , се разбранува морето.
Децата со радост ги шетаа своите родители меѓу изработките и се гордееа на својот труд.
Минувачите и родителите зачудени и восхитени застануваа да погледнат и да се фотографираат.
И да не заборавиме , додека се подготвуваше овој проект , децата ги едуциравме како да ја чуваме нашата планета Земја од загадување
за да остане зелена , чиста и здрава.
Планетата Земја е единствениот наш дом !
Затоа нека секој ден биде ден на планетата Земја!


Печати   Е-пошта