Почитувани родители,
Објектот ,,Сонце” во Волково и во текот на утрешниот ден ќе нема струја.
Ве известуваме дека санирањето на дефектот на струјата во реонот на Волково продолжува и утре. Од ЕВН сме известени дека струја нема да има до 15:00ч. Притисокот на водата е комплетно намален, бидејќи не се во функција електричните пумпи, а нема ни топла вода. Од тие причини спречени сме непречено и нормално да функционираме. Ве замолуваме, доколку постои можност од ваша страна, дечињата утре да ги задржите дома. Ние секако ќе ве информираме за нормализирање на состојбата со електричната енергија за која надлежност има ЕВН.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.