Известување за родителите на идните првачиња

Почитувани родители,

Ве известуваме дека потврдата за систематски преглед на оралната празнина (стоматолошки преглед) издадена од стоматолог на Јавно здравство можете да ја добиете на детската превентивна стоматологија во Поликлиника Ѓорче Петров секој работен ден од 08:30 часот до 19:30 часот, освен во вторник кога работат само прва смена од 08:30 часот до 13:30 часот.

За прегледот потребна е здравствена легитимација за детето.

Родителите нема потреба да закажуваат посебен термин.