Градинката „Росица“ одржа семинар „Подобрување на кохезивноста на работниот тим“

Во рамките на повеќегодишниот проект „Подобрување на кохезивноста на работниот тим“ нашата градинка „Росица“ одржа семинар на кој беа реализирани стручни предавања и работилници. Полето на кое работевме на овој семинар беше стресот и последиците кој тој ги предизвикува по нашето здравје. Ги зајакнувавме нашите механизми на личноста за справување со стресни ситуации. Со музичките […]
СТОП за насилството од секаков вид!

Почитувани, Ве известуваме дека радинката Росица учествуваше на обука „Улогата на жените во рано препознавање на криминалот и создавање на безбедна средина“ во организација на Мисијата на ОБСЕ во Македонија и Секторот за внатрешни работи Скопје. Посебен осврт се направи на темите за семејно насилство, булинг меѓу децата, родовото насилство и општата безбедност на граѓаните. […]
Потсетување за родителите за обновување на договорите за престој на децата во градинка

Повик до родителите за обновување на договорите

Соопштение за родителите на децата од објектите ,,Кокиче” и ,,Рипчиња”

Известување за родители во врска со епидемијата на голема кашлица

Завршна сметка на ЈОУДГ „РОСИЦА“ Ѓорче Петров – Скопје за 2023 година

Годишни сметки 903 Годишни Сметки 787 Годишни сметки 603
Новогодишна претстава „Маѓепсаниот Дедо Мраз“

Во пресрет на новогодишните празници воспитните тимови, стручната служба и децата на градинката Росица подготвија новогодишна куклено – театарска претстава „Маѓепсаниот Дедо Мраз“. Оваа претстава е сплет од прекрасна музика, сценографија и костими проследен со забавно – едукативна содржина. Со пораки за добро однесување и желби за среќни празници саканиот Дедо Мраз во наредните денови […]
Kуклено-театарска престава од деца за деца „Казна и награда за убаво однесување“.

Во рамките на долгогодишниот проект на нашата градинка „Нашите сунѓерести кукли“ беше реализирана куклено-театарска престава од деца за деца „Казна и награда за убаво однесување“. Оваа куклена престава збогатена со пригодна приредба беше преставена и пред родителите на дечињата-глумци од група „Печурковци“, од објектот „Пампурче“. Воспитувач : Катерина Блажевиќ Неговател : Лилјана Крстева Музички педагог […]
👦 ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО 👧

Со куклено – театарска престава од деца за деца беше одбележан Светскиот ден на детето. Преставата со своите пораки за добро однесување, користечжи ги нашите сунќерести кукли и убава музика беше вистинско уживање за децата, кои низ забава и игра учеа за наградата и казната и колку е важно убаво да се однесуваме.