Емотивко

Нашите другарчиња од група Бајка на возраст од 4 до 5 години од објектот Детелинка го прифатија предизвикот на Едуино Игратонот . Тие преку различни сложувалки ги препознаваа основните емоции и истите ги изразуваа преку експресија на своите лица. #едуиноколективенпорталзадигиталнисодржини #едуиноигратон2022 #активност4 #Емотивко

Неделата на забоздравствена заштита

  Во соработка со Црвениот крст ја одбележавме Неделата на забоздравствена заштита, добро орално здравје и бисерни насмевки. Нашата градинка се вклучи со низа активности зајакнувајќи ја здравствената едукација на предучилишните деца.  

Недела посветена на оралното здравје и здрави заби

Во рамките на одбележување на Неделата посветена на забозаштита и добро орално здравје, а во соработка со Црвениот крст, детската градинка„ Росица “ се вклучи со активности за здравствена едукација на предучилишните деца. Се реализираат работилници со деца, информативни флаери за родители и електронски обраќања до пошироката општинска јавност со цел подигнување на свесноста и […]

Меѓународен ден на лица со попреченост

ЈОУДГ „ РОСИЦА “ симболично го одбележува 3 – ти Декември – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ. Живеејќи и работејќи во време кога се повеќе деца имаат потешкотии во развојот и одредени попречености, сакаме да придонесеме во подигнувањето на свесноста за потребите и инклузијата на децата со потешкотии во сите сфери на општестевниот живот.

Борба против зависностите

Во соработка со Црвениот крст на град Скопје се одбележува месец Ноември, како месец за борба против зависностите. Нашата градинка се вклучи во кампањата за подигање на свесноста за опасностите од болестите на зависност со едукативни видеа споделени во електронските медиуми.    

Пелтечење многу повеќе од заплеткан јазик

Во рамките на стручното усовршување, стручниот тим на ЈОУДГ „ Росица“- Ѓорче Петров – Скопје , подготви презентација на тема „ПЕЛТЕЧЕЊЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ЗАПЛЕТКАН ЈАЗИК“ со што воедно го одбележа Интернационалниот ден за подигање на свесноста за пелтечење.  

22 Октомври – Интернационален ден за свесност за пелтечење

По повод одбележувањето на Интернационалниот ден за подигање на свесноста за пелтечење 22 Oктомври ,стручниот тим на ЈОУДГ ,,Росица” – Ѓорче Петров Скопје, подготви информативен флаер за родители на тема ,,Пелтечење”.