Писмото до кралот

На наше големо задоволство во сите објекти на ЈОУДГ ,,Росица” се одржа Музичко-драмска претстава во природа “Писмото од кралот” изведена од артистите од групата Триангл плус. Интеракцијата меѓу децата и артистите предизвика ведро и весело расположение како и љубов и интерес кон театарот од најмала возраст.

Неделата за борба против туберкулоза

Во рамките на Неделата за борба против туберкулоза, која се одбележуваше од 14-21 септември, градинката Росица во соработка со Црвениот крст се вклучи со активности согласно возраста и можностите на нашите предучилишни деца. Се изработи едукативен флаер за родителите и вработените и се реализираше активност со деца.

Денот на општината – 2021

По повод одбележувањето на денот на општината Ѓорче Петров, децата од нашата градинката  настапија со неколку точки и ја збогатија програмата за настанот.  

YouTube канал на градинка Росица

Почитувани читатели, Ве информираме дека градинка Росица отвори YouTube канал на кој ќе можете да ја најдете нашата видео содржина. Можете да го посетите нашиот канал на следниов линк и да се претплатите (Subscribe) за да ја добивате новата содржина што ќе ја поставуваме. https://www.youtube.com/channel/UC43TOV23hcrr1_KMHY7Nv9A

Екраните во животот на децата – втор дел

Живееме во дигитална ера која во голема мера го олеснува нашето секојдневие, комуникациите и достапноста на информации. Сепак прекумерната употреба на екраните во животот на децата со себе донесе и многубројни последици. Со цел да се укаже на негативните последици врз здравјето и развојот на децата и што се случува кога детето од најрана возраст […]

Реуредување на објекти

Детската насмевка ни носи радост на сите нас! Ги збогативме и разубавивме дворовите на сите објекти со играчки и реквизити. Дечињата добиваат поквалитетно поминато време за слободни активности. #Сегрижимезанајмилите

Екраните во животот на децата – прв дел

Живееме во дигитална ера која во голема мера го олеснува нашето секојдневие, комуникациите и достапноста на информации. Сепак прекумерната употреба на екраните во животот на децата со себе донесе и многубројни последици. Со цел да се укаже на негативните последици врз здравјето и развојот на децата и што се случува кога детето од најрана возраст […]

Одбележување на 22ри Април – ден на планетата Земја

Во нашата градинката многу често креативно рециклираме со различни материјали (хартија,цд,пластични шишиња и др.) но најпогодни за работа ни се пластичните капачиња,бидејќи се во различни бои и со нив децата многу лесно манипулираат . Оваа година за да го одбележиме 22 ри Април – меѓународниот ден на планетата Земја , ги избравме токму нив за […]